еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Можни нови построги мерки, ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека компаниите нема да го чекаат 16 март, туку пред тоа, уште овие денови, ќе ги намалат цените на тестенините и млечните производи.

Тој денеска на прес-конференција во Владата беше дециден, дека на 16 март цените на тестенините и млечните производи мора да бидат намалени. Во спротивно, како што најави, ќе се донесат други одлуки кои, како што рече, може да бидат построги или полиберални.

-Отстапка од овие одлуки нема да има. На 16 март цените мора да бидат намалени. Но, нема да останеме само со овие одлуки. Следат нови, затоа сите да ги почитуваат постоечките. Може новите одлуки да се построги или полиберални, но заедничката цел треба да биде заштита на граѓаните, подвлече Бектеши.

Министерот изрази очекување производителите да се откажат од профитите.

-Одлуката беше дека 20 отсто може да си делат производителите и трговците на мало како профит и тоа се покажува во нивните тековни состојби. Ве повикувам да ги проверите тековните состојби од претходната година. Ќе видите дека ниту една компанија не е оштетена од Владата во однос на профитите. Простор за намалување на цените има и убеден сум дека сите ќе ја почтиваат одлуката, истакна Бектеши.

Негова оценка е дека млечната индустрија со ваквата одлука нема да претрпи никакви штети, особено не во снабдувањето на маркетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти

МИА/фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За налепниците и регистарските таблици со „NМК“, МВР склучи договор со „Квантум“ вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Предмети за Мерко се изгубиле во судскиот лавиринт, велат од Антикорупциска

Редакција

Пак се прават анализи за национален авиопревозник, иако претходните покажаа дека не треба да има

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница