еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Можно олабавување на мерките, ако граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комиисјата за заразни болести.

-Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мрките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат.

Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ABC by Mosh старо-ново „тренди“ место во Скопје, популарно за излегување

Редакција

Во блок-трансакции продадени 5.500 акции од „Алкалоид“ за 737.000 евра

Редакција

(Галерија) Молебен на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница