еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МПЦ повторно повика Воскресението Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение повторно упатува апел и уште еднаш грижливо се обраќа до клирот и народот со повик во целост да се почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

Во вонредните услови на пандемија, кога грижата за здравјето на ближниот е исклучително важна, Синодот повикува ова Воскресение Христово да се пречека и празнува со најблиските во домашната црква – во семејството.

На овој Велигден храм нека бидат нашите срца во кои ќе воскресне Христос! На воскресните свети Литургии свештенослужителите ќе се молат за сите.

Вие, пак, коишто од оправдани причини ќе отсуствувате, од вашите домови смирено и достоинствено изразувајте ја вашата вера и со радост придружете се во пеењето на воскресната химна: „Христос воскресна од мртвите…“.

Сите да ги почитуваме најдобронамерните препораки на надлежните за доброто на сите!

Воскреснатиот Христос нека ја исцели секоја човечка немоќ, а воскресенската радост нека ни биде постојана!, стои во соопштението од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попусто полициски час ако верниците ги преплават црквите пред Велигден

Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната?

Повик верниците на Велика Сабота да излезат на своите балкони со свеќа и да го запеат тропарот на Воскресението

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска на Парадата на гордоста во Скопје

Редакција

Словенечкиот претседател Пахор: Скопје направи се, и уште повеќе, а што доби од ЕУ за возврат – ништо, и уште помалку

Редакција

Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница