еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Музејот на современата уметност блесна во сина боја, како дел од „Светскиот ден на детето“

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, вчеравечер и вечерва, некои објекти и обележјата во Скопје се осветлени во сина боја, како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

„На покана од Уницеф, Музејот на современата уметност – Скопје се вклучи кон одбележувањето во време на еден од најголемите предизвици во нашата понова историја. Пандемијата на коронавирусот ги разоткри длабоките нееднаквости во нашите општества, ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви.

Секоја година на 20 ноември – по повод потпишувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето – светот го слави Денот на детето, а зградите и обележјата во целиот свет се осветлуваат во сино,“ се вели во соопштението.

Минатата година значајни обележја во светот се обоија во сино, вклучувајќи ги Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други.

Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата #KidsTakeover, кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, УНИЦЕФ ќе го поддржи вториот #KidsTakeover на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата: како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по Ковид-19.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Редакција

МКЦ: Поради голем интерес за организирано гледање, Оскарите ќе бидат проследени на повеќе екрани

Редакција

(Фото) Еуростандард банка го претстави својот нов производ Mastercard дебитна картичка со мирис на малина  

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница