еМагазин
Image default
Македонија

МТСП: Засега нема потврда дека девојчето од Домот 25 мај било силувано во Струга

Министерството за труд и социјална политика информира дека веќе работи на расветлување на случајот со малолетното девојче од Домот 25 Мај кое вчера во полиција пријавило дека непознато лице извршило други полови дејствија над неа, додека престојувала на летување во Струга, но и оти засега нема потврда дека станува збор за силување.

– МТСП е во постојана комуникација со МВР и до овој момент нема потврда дека се работи за силување. Установата веќе ја обезбеди потребната стручна помош и заштита на девојчето и постапува согласно процедурите, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, додаваат оттаму, МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова тура дипломати ќе дојдат во Македонија, Мицкоски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени ќе остане ист

Редакција

Нови детали за најмладиот починат пациент од коронавирусот, кој имаше 31 години

Редакција

Најниска температура во јануари измерена во Берово, а највисоката во Гевгелија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница