еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мухамед Зеќири доби нови 30 дена притвор

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор, откако денеска Основниот Кривичниот суд – Скопје му одреди нови 30 дена, потврдија извори од Судот за МИА.

Ова е второ продолжување на мерката притвор за 30 дена на Зеќири, кого Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Првата мерка притвор од 30 дена му беше изречена на 9 април, а првото продолжување на 5 мај. За двете одлуки Зеќири поднесе жалби, кои беа одбиени.

Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 941.985 евра, што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ЕВН Онлајн“ освои две главни награди на натпреварот „Награди во е-трговијата“ за 2023 година

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 400 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

(Видео) Горат „белите дробови“ на планетава: Во Амазон пожар на територија голема колку Велика Британија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница