еМагазин
Image default
Македонија

МВР доби чамец и комбиња за откривање радијација од САД

Во Министерството за внатрешни работи денеска амбасадорот на САД Џес Бејли на министерот Оливер Спасовски му ја предаде донацијата на опрема и возила за Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Донацијата е во вредност од околу 500.000 долари, а се состои од две специјални комбиња со мобилна опрема за откривање на радијација, патролен чамец кој ќе се користи за надзор на Охридското езеро, како и уред за вештачење мобилни електронски уреди.

Министерот Спасовски потенцираше дека од почетокот на воспоставувањето на граничната полиција во рамки на МВР од 2004 година наваму, односно на концептот на интегрирано гранично управување, владата на САД преку оваа програма е најсилниот партнер и поддржувач на реалното организационо, професионално и техничко етаблирање на граничната полиција.

Амбасадорот на САД Џес Бејли рече дека програмата за контрола на извоз и гранична безбедност и Министерството за енергетика на САД ја даваат оваа донација за да ги подобрат капацитетите на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност за да спроведуваат професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џолев: Многу брзо ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на настаните од 27 април

Редакција

Села: Победивме во првиот круг во Дебар и Гостивар, во втор круг сме во пет општини, се чекаат резултатите и за Тетово

Редакција

Политико Европа: Ако не помине Договорот, земјата ќе остане ФИРОМ надвор од ЕУ и НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница