еМагазин
Image default
Македонија

МВР го продолжи периодот на престој на странци до 31 август

Владата донесе нова Уредба со законска сила за примена на Законот за странци за време на вонредна состојба, како и за периодот по престанокот на вонредната состојба.

Наведениот пропис претставува дополнување на Уредбата со законска сила донесена на 20.03.2020 година и со неа се продолжува периодот на престој на странци на кои за време на вонредната состојба, им истекол краткорочен престој или виза за краткорочен престој.

Од МВР информираат дека периодот на престој се продолжува, како за времетраење на вонредната состојба, така и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година.

„Исто така, се продолжува рокот на важноста на дозволите за привремен престој и на дозволите за постојан престој, чиј рок на важност истекол или истакува за време на вонредна состојба. И во овој случај, важноста на дозволите за престој се продолжува и по завршување на вонредната состојба, до 31 август 2020 година,“ информираат од МВР.

Имајќи предвид дека во наредните месеци се очекува постепено нормализирање на состојбите, отварање на граничните премини и враќање во функција на сите видови патнички сообраќај, од МВР им укажуваат на странците да го следат развојот на ситуацијата и доколку се создадат условите за патување во овој период, да пристапат кон постапки за регулирање престој, согласно одредбите од Законот за странци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорите за вработувањето на 18. лица на Токсикологија се невалидни

Редакција

Законските измени за Бехтел и Енка го поминаа првиот филтер во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ и ДОМ побараа нивно повлекување

Редакција

Закани кон директорот на АВМУ, Трајчевски, поради одбиено барање за одземање на дозволата на Алсат М

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница