еМагазин
Image default
ЖИВОТ

МВР објави детали за сообраќајната несреќа во која загина лекарот Трајче Нешковски

МВР во билтенот информираше за вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на Рузвелтова, а во која учествуваше починатиот лекар Трајче Нешковски.

„На 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко,“ се вели во соопштението на МВР.

Неофицијално, Нешковски пред да предизвика сообраќајна несреќа доживеал срцев удар, а починал во болница после еден час обид за реанимација.

Телото е дадено на обдукција за да се утврди причината за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина младиот доктор Трајче Нешковски и активист на СДСМ: Неофицијално му се слошило пред да причини сообраќајна несреќа на Рузвелтова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Локално невреме утре попладне

Редакција

Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот, вели Атиџе, чии проблеми со соседот кулминираа

Редакција

(ВИДЕО) 38-годишен тетовчанец, татко на две деца се излечил од Ковид-19, но не го преживеа пожарот во ковид-центарот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница