СВР Штип расветли пет кривични дела извршени во периодот од 15.01.-19.01.2019 година на подрачјето на ПС Штип од кои три „тешка кражба на дрзок начин“, „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“, за кои осомничени сторители се Б.Ј.(21), О.М.(31), А.М.(22), С.Д.(27), Е.М.(26) и тројца 16 годишни лица, информира МВР.
Осомничените од оштетените граѓани одзеле, мобилни телефони, ташна и паричник стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 50.000 денари.
Од страна на полициски службеници украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање ќе бидат поднесени кривични пријави против сторителите.