еМагазин
Image default
Македонија

МВР постапува по дивоградбата кај Мавровка, известено и Обвинителството

Единицата за економски и компјутерски криминал – СВР Скопје постапува за нелегални градежни активности во реонот на трговскиот центар Мавровка во Скопје и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

– Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шилегов ако сакаш да рушиш, руши ја платформата на Матка и зградата пред Мавровка„: Твитер реакции за Универзална сала

„Не знаеме кој е инвеститорот самото се изгради! – Чаир„: Твитер за дивоградбата пред „Мавровка„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија останува посветена на почитување и заштита на човековите права, вклучително и малцинските, велат од МНР

Редакција

Ковачевски не се откажал од македонско државјанство, Тошковски не сака да шпекулира каде е

Редакција

Фетаи и судии вршеа увид на возилото кое е дел од доказниот материјал за „Монструм“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница