еМагазин
Image default
Локално

МВР повторно во лов на диви тркачи

Во периодот од 22.30 часот на 30.08.2018 до 02.00 часот на 31.08.2018 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници привремно се задржани пет мотоцикли, четири за проверка на техничка исправности и составни делови на возилата и еден под сомнение за царински прекршок. По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено „Аудито“ украдено од Рузвелтова додека пазарел сопственикот

Редакција

Тешко повреден малолетен пешак при судар на „Пасат“ и „Мерцедес“ во Скопје

Редакција

Млад битолчанец со „голф“ удрил во канделабра, двајца повредени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница