Министерството за внатрешни работи откако потврди дека екс-премиерот Никола Груевски избегал во Унгарија распиша меѓународна потерница.
„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ“, пишува во објавата на веб-сајтот на МВР.
Фото:МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР потврди: Груевски е во Будимпешта
Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил