еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Регистрирани индивидуални изборни нерегуларности во Долно Количани, Илинден и Демир Капија

Во село Долно Количани во основно училиште „Кемал Ататурк“ од страна на Р.Е.(27) од с.Долно Количани бил омаловажуван полициски службеник. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје околу 15:40 часот од претседател на изборна комисија С.А. во основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден на избирачко место бр.2393 било пријавено дека Р.А. од населба Илинден го сликал гласачкото ливче и им го покажал на членовите од изборната комисија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Велес, пак, во 18:15 часот на избирачко место 1239 во ОУ „Димко Габерот“ во Демир Капија лицето В.М. од Демир капија дошол да го оствари правото на глас, и кога комисијата му ги дала ливчињата, истиот ги искинал и ги ставил во џебот. Во консултација со Јавен oбвинител ќе се превземат потребните дејствија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за „Монструм“, еден од поротниците има Ковид-19

Редакција

За една недела од Ковид-19 починале 85 лица, најмногу од Скопје, 35

Редакција

Алијанса за Албанците денеска избира в.д. претседател: Села се повлекува од лидерската позиција, но не и од политиката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница