еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Регистрирани неколку изборни нерегуларности во струшкиот, битолскиот и тетовскиот регион

Претседател на избирачкиот одбор од с.Октинси, струшко во СВР Охрид околу 14.10 часот пријавил дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче, соопштија од МВР и додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Воедно, денеска во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во с.Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Исто и за овој предмет од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

– На 17.10.2021 во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62)  од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528. Се расчистува случајот, соопштија од МВР.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се осомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ денеска избира нов претседател, Петровска се повлече, во трка тројца кандидати

Редакција

„Македонија возвраќа за вакцините“: Најавата на Заев за укинување на патарините одекна во српските медиуми

Редакција

Едмонд Адеми: Идентификувани и пријавени се снимачите на гласачите на референдумот за името во Мелбурн

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница