еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали за „брканицата“ со коњот по автопатот Тетово-Скопје: Сопственикот е најден, ќе биде поднесена пријава

Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје.

Во вторникот околу 14 часот граѓани пријавиле во СВР Тетово дека забележале како животното само се движи на автопатската делница. На снимка која се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата со возило успева да го сопре коњот, а потоа и да го отстрани од автопатот.

Од СВР Тетово потврдуваат дека нивните службеници го тргнале коњот од автопатот со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега.

Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се расчистува случајот, по што против Н.К. ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Чудесна Македонија: Полициски автомобили „бркаа“ коњ во спротивен правец на автопатот Тетово-Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца прилепчани краделе од станови во Струмица

Редакција

Поднесени две кривични пријави за журките во Градиште

Редакција

Штипјанец во заложништво држел жена и нејзините две малолетни деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница