еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали за пукањето во Кочани

Вчера околу 17:15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во угостителски објект на улица „Димитар Влахов“ во Кочани, по претходна расправија помеѓу две групи, лицето Д.С.(40) од Кочани со пиштол пукал кон лицето Д.З.(35) од Кочани и го погодил во десната страна од стомакот и десната подлактица. Д.З. бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Растурена домашна забава во Скопје, приведени 28 лица

Редакција

Измама во Охрид: Му зел 2.000 долари за да му обезбеди виза за САД

Редакција

Го претепал во училишниот двор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница