еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за тепачката на „Рузвелтова“: Тешко повредено едно лице, еден во бегство

На 22.03.2019 година во 17,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Франклин Рузвелт“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу: Ф.Ј.(18) од Визбегово-скопско и Е.Р.(18) од Скопје од една страна и А.К. и И.А.(25) од Скопје од друга страна, информира МВР.

При пресметката бил употребен и нож. Со тешки телесни повреди се здобил И.А. констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле Ф.Ј. и А.К. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

Тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Е.Р. и целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возачките со старото име важат до крајот на годината

Редакција

ЕСМ склучи договор со Хем-алијанс вреден 636 илјади евра

Редакција

Штипјанец наседна на измамата со огревни дрва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница