еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР со важна информација за македонските граѓани за новиот протокол за влез во Грција

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска (19.06.2021 година), од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.

„Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

Како и досега, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време,“ информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови правила за влез во Грција од утре: ПЦР-тестирањето за деца ќе почнува од 12-годишна возраст, а ќе се влегува и со брз антигенски тест

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четворица пациенти од Ковид-19 во штипското Инфективно одделение

Редакција

Злоупотребен профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил дека двете ќерки и умреле од Ковид-19

Редакција

(Видео) И во Љубљана се пукаше за денот на албанското знаме, Словенците згрозени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница