еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР: Спречен можен терористички напад од поддржувачи на ИСИС

Полицијата спроведе оперативно-тактички мерки и претреси на неколку локации поврзани со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на нашата држава од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС.

– Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот.

Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување, информираат од МВР.

По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад.

Од Министерството информираат дека продолжуваат да спроведуваат дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По МВР и Амбасадата на САД со предупредување: Постои зголемен ризик од терористички напади во Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 410 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Нови 314 случаи на Ковид-19 од 2.161 тестирања, во Скопје 179

Редакција

За еден месец регистрирани нови 927 невработени лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница