еМагазин
Image default
Локално

МВР во „лов“ на несовесни возачи и мотоциклисти

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 14.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, информира МВР.

Притоа, санкционирани 77 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина(10 надвор од населено место и 67 во населено место). На прекршителите поднесени се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози.

На 14.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведен акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 11 возачи на мотоцикли (осум возеле без заштитен шлем и тројца без возачка потврда). Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец осомничен за измама приведен на „Ќафасан“

Редакција

(Видео) Спасени четири лица, меѓу кои и дете, кои залутале во клисурата на Пчиња

Редакција

Прифатено обвинението за убиство на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“ кај Струмица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница