еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР за тврдењата на Јанкулоска дека е под опсада: Преземаме стандардни мерки

Министерството за внатрешни работи презема стандарди полициски оперативни мерки и активности, коментираат од МВР во врска со обвинувањата кои ги упати поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека зградата во која живее е под опсада.

„Преземаме стандардни полициски оперативни мерки и активности, а се уште од судот немаме добиено никаква наредба за спроведување на Г.Ј. Кога ќе добиеме наредба од судот, ќе постапиме. За сите други информации е надлежен судот,“ велат од МВР.

Јанкулоска денеска на нејзиниот фејсбул-профил објави фотографија од полициско возило пред нејзината зрада со коментар дека „нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живее, вознемирување и претресување на соседите.“

„Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството,“ напиша таа.

Јанкулоска треба да одлежи казна затвор за случајот „Тенк“,  кој се однесува на продажба на мерцедесот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сефер Цаноски до Јанкулоска: Покани ја Емел Рамковска на кафе ќе ти објасни како се издржуваат шест години затвор

(Фото) Јанкулоска: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата во која живеам, ако некој ме бара дома сум

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потерница за Никола Груевски

Редакција

Важно е политичарите да не се мешаат во работата на медиумите, но имаат право да ги бранат своите позиции, порача Османи

Редакција

Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница