еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајца кинески инженери од „Синохидро“ пристигнаа во Македонија, тие се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор

Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје денеска информираше дека вчера во Македонија се пристигнати две лица од Кина, кои се работно ангажирани како инжинери од кинеската компанија „Синохидро“.

Станува збор за лица кои веќе биле во самоизолација во времетраење од 14 дена во Кина.

– Со полна заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија, истакна Караџоски.

Согласно протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба за изолација.

– Сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус, и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи, додаде Караџоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

Вакцина против коронавирус ќе биде тестирана најрано во април

Фото: МИТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во биографијата на старо-новиот министер Садула Дураки заборавиле да стават дека не се „бави“ со граѓаните

Редакција

Најпознати цитати од Делчев: „Не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови“

Редакција

Бранко Црвенковски слави роденден, наполни 57 години

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница