еМагазин
Image default
Македонија

Министерство за здравство: Состојбата е критична, граѓаните да им помогнат на здравствените работници во битката со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид пацинети, обезбедени се слободни места на повеќе клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле, како и на интерните клиники.

„Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници.

Оваа здравствена криза погодена од третиот, можеби најсилен бран досега, е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа. Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците.

Министерството за здравство упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид 19. Министерството за здравство ги повикува граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со корона вирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година“, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Се уште важи апелот до нашите државјани ако се во можност да ја напуштат Русија

Редакција

Јанакиески реагираше по неколку слушнати „бомби“ и побара да се потврди нивната автентичност

Редакција

Убава вест: 378 оздравени од Ковид-19

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница