еМагазин
Image default
Македонија

Министерство за здравство: Вакцини против сезонски грип има за сите

Вакцини против сезонски грип има за сите. Секој петок од тековната недела се отвораат термините за вакцинација за наредната недела. Годинава се набавени 40.000 вакцини, што е најголем број досега, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Вакцините, како што посочуваат, се бесплатни за ризичните групи: лица постари од 65 годишна возраст, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до пет години, хронично болни лица, како и за здравствени работници во соодветни термини обезбедени за секоја категорија поединечно, со што ќе се задоволат потребите за имунизација на општото население.

– По спроведените анализи на начинот на закажување на термин за вакцинација против сезонски грип, не се утврдени недостатоци, туку станува збор за системско менаџирање на термините за вакцинација.

Имено, се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца меѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор, нагласуваат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем интерес за вакцинација: За неколку часа во Скопје се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фајзер“, до крајот на април и 200 илјади кинески вакцини

Редакција

Повеќе институции се вклучуваат во истражувањето на смртта на велешанката во чие што распаднато тело е откриен корона вирусот

Редакција

Досега нема приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница