еМагазин
Бизнис

МЗТ Пумпи оствари добивка од милион денари

МЗТ Пумпи АД Скопје за периодот јануари – јуни 2018 година оствари позитивен финансиски резултат односно нето добивка по оданочување во износ од 1.022.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Друштвото за деловната 2018 година нема исплата на дивиденда. бложувањата во недвижности, постројки и опрема во деловната 2018 година изнесуваат 1.574.000 денари. Вкупните обврски по кредити на 30.06.2018 година изнесуваат 82.795.000 денари и во спредба со истиот период од минатата година бележат пораст од 7,5%.

МЗТ Пумпи АД Скопје продолжува да работи во насока да го подобри производството, а со тоа максимално задоволување на потребите и очекувањата на купувачите и рационализација на трошоците на работење и да ја одржи пазарната позиција со производи на високо и квалитетно ниво со цел да ги исполни планираните активности за 2018 година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За девет месеци во Алкалоид инвестиции од 841,9 милиони денари и 161 нови вработувања

Редакција

Работниците од Непал продолжуваат да бегаат од Македонија

Редакција

Истанбул и Дубаи најбарани дестинации за Нова Година, намален интересот за европските градови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница