еМагазин
Image default
Македонија

На 1 октомври продолжува судењето на Јанкулоска за „Тенк“ на СЈО, а на 3 октомври завршни зборови

Остварениот профит на економскиот опетатор е во рамки на вообичаениот профит од продажба на возилото „мерцедес С-600“, односно нема остварено екстра профит, истакна денеска во Кривичниот суд во Скопје вештото лице за материјално и финансиско работење Страхил Глигоровски.

Вештачењето го направил по наредба на СЈО за да го утврди профитот на дилерот од продажбата на возилото за рочиштето на Специјалното обвинителство во предметот „Тенк“, за што се води издвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Следното рочиште судијата Добрила Кацарска го закажа за 1 октомври кога треба да биде сослушан последниот сведок и техничкото лице на одбраната како и да се изведат и дополнителните докази од двете страни.

Судијката Кацарска за 3 октомври ги закажа завршните зворови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова откако се објави кој е помилуван видела дека некои од помилуваните се “навистина интересни во негативна смисла“

Редакција

Францускиот печат го „подбра“ Макрон зашто не дозволи датум за преговори за Македонија и Албанија

Редакција

Вкупно 8.062: Од Ковид-19 починале 3 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница