еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) На 54-годишна возраст почина пејачката Лиза Мари Присли, ќерка на Елвис Присли

На 54-годишна возраст почина пејачката Лиза Мари Присли, ќерката на кралот на рокенролот Елвис Присли.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа била најдена без свест во својот дом во Калифорнија, и веднаш била пренесена во болница, каде што починала.

Според првичните информации починала од срцев удар.

Освен по музичката кариера во фокусот на јавноста беше и поради бракот со Николас Кејџ и Мајкал Џексон.

Се мажеше четири пати и имаше четири деца, од кои едното се самоуби во 2020 година.

Таа пред неколку дена присуствуваше на церемонијата на доделувањето на наградите Злате глобус, каде Остин Батлер беше награден за најдобар актер за улогата за филмот “Елвис“, посветен на нејзиниот татко.

Фото: Фејсбук/Мари Присли

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири нови случаи на голема кашлица, бројката се зголеми на 22

Редакција

Повлечен списокот на лица предложени за помилување од Пендаровски

Редакција

42-годишниот велешанец бил убиен поради банална причина, убиецот немал дозвола за оружјето: Детали од Обвинителството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница