еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 84 години почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен пратеник, лидер на Социјалистичката партија и претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник и прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Љубисав Иванов Ѕинго е роден на 8 ноември 1936 година во с. Трновац, Кратово. За претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (ФСМ) беше избран на 7. февруари 1993 година. Под негово водство, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправен член на најважните фудбалски организации, ФИФА и УЕФА, посочуваат од ФФМ.

Како претседател на ФСМ ја предводеше македонската делегација и нашиот национален состав на првиот официјален натпревар на А репрезентацијата на Македонија во Крањ, Словенија во 1993 година.

– Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.

Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли сѐ со Вас, стои во пораката на Муамед Сејдини, претседател на Фудбалска федерација на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Новиот пратеник на СДСМ, Филиповски во најприродно издание: Коњите на Галичник му се голема љубов

Силвана Жежова

Загадувањето на воздухот поопасно од Ковид-19, за две години го намалува животниот век

Редакција

(Фото) Скопјанецот Игор Талевски ја заврши само-поддржаната велосипедска трка низ САД од 6.920 км, заврши на 6. место

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница