еМагазин
Македонија

На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија

Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11 до 15 август ќе патуваат со четири авионски чартер летови. Ова го изјави генералнот секретар на Исламската верска заедница на Македонија, Ирсал Јакупи.

Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 26 верници.

– Нашето муфтиство ги презеде сите неопходни активности за непречено заминување во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот. Верниците кои се пријавија ги поминаа сите неоходни лекарски прегледи, а ја примија и потребната вакцина, потврди дебарскиот муфтија Хаџи Рамазан Ефеди Хаса.

Вернициите од овој регион тргнуваат на 11 и 13 август од Дебар, а потоа заедно со другите верници од земјава кон светите места ќе тргнат од скопскот аеродром.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се бара правна форма како да се ослободат од карантин и самоизолација лицата кои деновиве влегоа во земјава

Редакција

Дефинитивна одлука за функционирање на градинките во четврток

Редакција

Нови 528 случаи на Ковид-19 од 4.323 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница