еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

На автопатот Тетово – Скопје удрена и усмртена мечка

Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден.

Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово – Скопје.

-Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, Општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледаат новите автобуси на ЈСП-Скопје?

Редакција

Државен Студентски дом Скопје склучи договор со Мист енерџи еко вреден 287,8 илјади евра

Редакција

Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение, од МОН тврдат дека учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница