еМагазин
Image default
Македонија

На „црната листа“ на САД може да се најдат и актуелни функционери, вели Пендаровски

Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува да биде објавена во догледно време.

Коментирајќи ги забелешките на американсата амбасадорка Анџела Агелер за изборот на Ислам Абази за јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, Пендаровски истакна дека критиките се реакција на генерално лошите состојби во судството.

За него, изборот на Абази не е спорен. Вели дека бил избран на демократски начин со непосоредно изјасување на обвинителите. Потврда за тоа, според него, е и тоа што противканидатите на Абази кои загубиле, не се пожалиле на постапката и за нелегитимност.

За состојбата во правосудниот систем, шефот на државата рече дека ќе се подобри само кога „политичарите и бизнисмените ќе се откажат од судството“.

Во врска со идејата за генерален избор на судиите, Пендаровски кажа дека за тоа немало „пас“ од Брисел уште во 2017 година, имајќи ги предвид лошите ефекти од ветингот во Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На мета на тимот од САД кој дојде во Македонија и актуелен пратеник од власта, објави КОД

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невладина пријави во Пазарниот инспекторат тројца професори од државниот Универзитет во Тетово

Редакција

Анкета: Силјановска Давкова води, по неа е Пендаровски, трет е Таравари

Редакција

Изборите ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница