еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На денешниот протест против “францускиот предлог“ се фрлаа јајца и камења кон Собранието

Организаторите на повеќедневните протести под мотото „Ултиматум – не благодарам“, што во текот на денешниот ден започнаа на пладне пред Собранието, заврши околу 19 часот, а организаторите најавија нов протест пред собраниската зграда за утре во 11 часот.

Доцна попладнево по завршувањето на 81-та седница на Собранието, на чиј дневен ред е Информацијата по содржината на предлог-преговарачката рамка, на демонстрантите им се придружија и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Во текот на денешниот протест учесниците пред Собранието се појавија со транспарентите „Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“, а дел од нив незадоволството го искажаа преку свирежи и фрлање со јајца, камења и тврди предмети кон собраниската зграда.

Поради овој инциднет, МВР соопшти дека се приведени пет лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На протестите пред Собранието приведени пет лица

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телеком: 5G мрежата достапна и во Скопје

Редакција

Република Северна Македонија и на сајтот на МВР

Редакција

Димитров: Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница