ВМРО-ДПМНЕ како предлог за министер за внатрешни работи го кандидира Наќе Чулев, долгогодишен професионалец во областа на безбедноста, дел од Агенција за разузнавање, иформираат од партијата.
„Наќе Чулев е дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје.
Наќе Чулев има богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ прифаќа Чулев да биде технички министер за внатрешни работи
Кој е Наќе Чулев, новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи