Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 316 лица позитивни за коронавирусот, што е најмногу од почетокот на епидемијата, соопштија надлежните власти.
Од тој број, 197 се заразени во Федерацијата БиХ, а 119 во Република Српска.
Во изминатите 24 часа пријавени се три смртни случаи во Сараево и Високо.
Од почетокот на епидемијата во БиХ, потврдени се 6.402 случаи на коронавирусот, додека вкупниот број на смртни случаи изнесува 219.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 12 милиони луѓе заразени со Ковид-19 во светот
Во Црна Гора регистриран рекорден број на Ковид-19 случаи за 24 часа