еМагазин
Image default
Техно

Најголемиот е-спорт настан во живо: А1 Game Fest 2021 финале овој викенд  

Традиционално, четврта година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK, го организира најочекуваниот е-спорт настан во земјата – А1 Game Fest, овојпат повторно во живо, информираат од компанијата.

Финалето ќе се одржи на 10 и 11 декември во East Gate Mall, каде најдобрите од претквалификациите ќе се борат за победничко место во видео игрите Dota 2, CS:GO, Tekken 7, FIFA22, и возбудливиот Cosplay натпревар, а сите љубители ќе имаат можност во живо да го следат највозбудливиот дел на годинешното гејминг доживување.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува ултимативно гејмерско доживување и незаборавен хепенинг за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите останати љубители на гејмингот.

Дополнително, финалето на А1 Game Fest ќе биде збогатено и со учество на нашите најпопуларни јутјубери, Steffonator и GP, кои ќе гејмаат и ќе се дружат со публиката.

Со најбогат награден фонд досега, многу изненадувања и подароци за публиката, ова издание е уште еден чекор поблиску до светските е-спорт настани.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директен пренос преку супериорниот оптички интернет на А1 ќе биде емитуван и може да се следи на Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.

За детали и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте на: fb.me.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апликацијата на „Виз ер“ сега достапна и на Huawei Appgallery

Редакција

Kако да се регистрирате на Националниот портал за електронски услуги, за да вадите документи онлајн

Редакција

Meta го избира Httpool на Aleph за aвторизиран партнер за продажба во Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница