еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници

Од утрово од 6 часот граничниот премин Ново Село, на македонско-бугарската граница, го преминаа 10-ина автомобили, најголем дел од нив се упатуваат кон Струмица каде денеска е пазарен ден и во блиските населени места до границата.

Според евиденцијата од ГП Ново Село, синоќа до 24 часот границата ја преминале вкупно 593 патници, од кои 327 се странци, а 266 домашни.

На преминот е забележливо засилено полициско обезбедување, а сите возила кои влегуваат се евидентираат и се претресуваат.

Според изјавите на бугарски граѓани, денешниот ден го искористиле за посета на пазарот во Струмица, а некои пак одеа и по стоматолошки услуги.

-Одам во Струмица на стоматолог, бидејќи имам закажано. Имам поголема рана во устата и денес треба да одам на интервенција, рече бугарска државјанка од Петрич.

Други двајца Бугари на прашањето дали ќе одат за Скопје и каков е нивниот став за одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев, изјавија дека нив тоа не ги интересира, дека тие се земјоделци и дека во Струмица доаѓаат по работа.

Инаку, до 9 часот и 30 минути нема поголема фреквенција на моторни возила и патници, а пограничните служби велат дека така ќе остане и до крајот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засилена контрола на граничниот премин Деве Баир, нема организирани групи за влез во државата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сондата „Паркер“ на НАСА дојде најблиску до Сонцето досега, преживеа температура од 982 степени

Редакција

Мицкоски бара изборите да се одржат на средината на јули

Редакција

Приемот на епископот Партениј кај патријархот Вартоломеј голем чекор на Вселенската партријаршија за решавање на црковното прашање, оценува грчкиот православен сајт Ромфеа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница