еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

На грчките острови ќе се патува со грчки „Green Pass“

Со укинувањето на забраната за движење меѓу региони, од петок, во Грција се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион кон островите, односно грчката верзија на „Green Pass“ ќе биде задолжителна за сите патници.

Заменик-министерот задолжен за координација на работата на Владата, Акис Скерцос попладнево ги соопшти дека новите правила кои пред сè, се однесуваат на грчките државјани, со оглед на тоа дека за туристите и онака „Green Pass“ ќе биде задолжителен за влез во земјата.

За патувања на островите, во пракса значи дека потребно ќе биде да се покаже или сертификат за вакцинација (да се поминати две седмици од втората доза), или негативен тест (направен 72 часа претходно доколку е ПЦР или 24 пред патувањето ако е селф тест/рапид тест) или потврда за прележан Ковид-19 (два месеци по заразувањето и до најмногу девет месеци).

Авионските и морските компании задолжително ќе вршат контроли, дали патниците имаат некоја од горенаведените потврди, кои важат и за грчките и за странските државјани со наполнети пет години.

За патувањата на Грците со автомобил, во континенталниот дел на Грција, тестовите не се задолжителни, но постои силна препорака за спроведување пред патувањето.

МИА/Фото: Photo by Jonathan Gallegos on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби не и верува на Антикорупциска

Редакција

Градоначалникот на Крива Паланка шамарал полицаец, МВР најави пријава

Редакција

39% пропаднале: Клиниката за дерматологија бесплански издавала лекови на пациентите за дома, открива Државна ревизија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница