еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, 23,4 отсто позитивни од направените тестови, на Миконос е 22,91 процент, на Милос 19,26 отсто, а со над десет проценти се островите Парос, Икариа, Тинос и Родос, како и источниот и западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во центарот на Атина, стапката на позитивност е 8,52 отсто, во Солун 3,04 проценти, додека пак на Халкидики и Тасос е 1,9, односно 0,82 проценти.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 4,88 отсто од вкупно 570.363 лабораториски тестови (ПЦР и рапд).

Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 3.483.275 случаи на Ковид-19 и нешто помалку од 140.000 повторни заразувања, а починаа вкупно 29.966 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Редакција

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски пред картата на голема Бугарија порача дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците

Редакција

Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е во стабилна состојба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница