еМагазин
Image default
ЖИВОТ

На Инфективна во Скопје почина 41-годишниот Игор Ангеловски поранешен началник на СВР Велес

Игор Ангеловски, поранешен началник на СВР Велес починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид-19. Веста за МИА ја потврдија од СВР Велес.

Тој во Инфективната клиника во Скопје неколку дена бил приклучен на респираторна машина.

Игор Ангеловски се лекувал во велешката Општа болница на Инфективното одделение од 7 до 14 октомври кога поради пад на сатурација итно бил префрлен на Инфективна во Скопје, информира за МИА, Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Последните два дена беше на кислородна подршка и два дена имаше пад на сатурацијата, која не сакаше да се покачи. Поради тоа одлучивме и итно на 14 октомври го пренесовме на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје, појасни д-р Неделковска Николова.

Инаку, 41-годишниот магистер по дефендологија Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес од 10 јануари до 27 јули годинава по предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој претходно работел во Единицата за специјални задачи на МВР „Тигри“, бил инструктор во Центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор за ким техника во СВР Велес, а бил и инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти.

Инаку тој е најмладата жртва на Ковид-19 и 27-ма во Велес и Велешко од почетокот на епидемијата или 11-та од почетокот на изминатата недела до вчера.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Редакција

Влијанието на сахарскиот бран завршува денеска, од утре дожд и пад на температурите

Редакција

Поголем број пациенти со цистична фиброза, ќе го примаат лекот „трикафта“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница