еМагазин
Image default
ЖИВОТ

На Инфективната клиника 33 пациенти со морбили, еден во потешка здравствена состојба

Еден пациент е во потешка здравствена состојба со белодробна тромбоемболија како компликација од морбили, и е хоспитализиран на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести.

Со компликации од морбили хоспитализирани се и три деца и двајца возрасни кои имаат пневмонија, информираат од Клиниката.

Посочуваат дека четворица пациенти со морбили се прегледани вчера на Клиниката, од кои еден пациент на возраст од 34 години од Чаир за кого нема евиденција за неговиот вакцинален статус, е задржан на болничко лекување.

– Амбулантски се прегледани четворица возрасни, од кои двајца на возраст од 24 и 19 години за кои нема податоци за вакцинален статус. Другите двајца се од Студеничани и Драчево на возраст од 34 и 39 години исто така без податоци за вакцинален статус.

На Клиниката има вкупно 33 пациенти, од кои 16 возрасни пациенти со морбили и 17 деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За само една недела осум нови заболени од морбили во Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АМСМ „скенира“ колку пешачките премини околу училиштата се безбедни

Редакција

(Фото) Наполни 34. години: Фатиме Фетаи за роденден доби торта-зелник со праз

Редакција

Доктор Беќаровски: Не е само да се излечи коронавирусот, последиците кои ги остава се катастрофални

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница