еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.034 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 103.4 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 82 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89 болни, а во Куманово 173 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 14 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 23, Кавадарци 79, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР ќе го организира транспорт на посмртните останки на инфлуенсерката Маја Јанеска од Јужна Африка

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Зоран Милески Кичеец преместен во полуотвореното одделение во Затворот Струга

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница