еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 457 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 50, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 763 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, велат од СДСМ

Редакција

Нови 140 заразени со Ковид-19 од 1.397 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Боки 13 до Камчева: Дали ги памтиш гала-вечерите во вашата велелепна палата кога ми приготвувавте вечера

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница