еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 73 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 4 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 121 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неносење маски 429 казни во изминатите 24 часа

Редакција

Аваја за измените на Законот за државјанство: Очекуваме дека статусот на лицата без државјанство ќе се реши

Редакција

Касами не се огради од знамето на “голема Албанија“, таква иконографија имало и порано, ама никој не бил казнет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница