еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 869 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 133 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 14 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 32, Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.498 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 75 случаи на Ковид-19, 88 оздравени и едно починато лице

Редакција

Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август

Редакција

Завршни зборови на одбраната за за случувањата во Собранието на 27. април 2017 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница