еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

На кафе со #ЖениМК во Ланголо до дискусија која ги поставува темелите на општествениот напредок

Во Ланголо ди кафе, мал и пријатен локал веднаш до Амбасадата на Романија во Скопје (ул. Никола Тримпаре), во понеделник, 15.04.2019, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи неформална кафе-дискусија со дел од екипата на #ЖениМК.

Тие со присутните ќе разговараат за одвивањето, резултатите и заклучоците од нивната онлајн кампања за исклучителни жени од Македонија, како и за нивните идни планови.

На настанот, меѓу другото, ќе имате можност да придонесете кон натамошниот развој на оваа уникатна и значајна иницијатива преку ваши идеи за нејзино проширување или надополнување и со предлагање на други исклучителни жени кои ѝ се недоволно познати на јавноста.

Настанот на Фејсбук може да се најде ОВДЕ.

„Дојдете заедно да поминеме едно опуштено, кафеџиско, понеделничко попладне, за добар почеток на целата недела, придонесувајќи кон нешто исклучително“, велат од #ЖениМК.

„Настаните кои во сржта на својот карактер се темелот на развојот на иднината се тие кои треба да ги негуваме сите. Затоа се радуваме на претстојната соработка со екипата на #ЖениМК преку која нашето мало кафе-катче ќе стане извор на напредок“, порача Верица Спасеновска, сопственичка на Ланголо ди кафе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со светска премиера на „Врба“ на фестивалот во Рим, Манчевски освојува нова територија за македонската кинематографија

Редакција

(Видео) Во Бар поставена спомен-плоча со македонската принцеза Косара, ќерка на цар Самоил и црногорскиот кнез Владимир

Редакција

(Видео) Промовирана монографијата за Марко Пејчиновски, “Одисеја 2022”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница