еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

На компаниите ќе им се признаваат расходите за регрес за годишен одмор и за тестирање за Ковид-19

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.

Во истата насока на олеснување на работата на компаниите во услови на Ковид-19, со предложените измени и дополнувања се предлага како признаен расход да се признаваат и платените лабораториски тестови за Ковид-19 што ги прават компаниите за своите вработени.

Со измените се овозможува и покривање на загубите без обврска истите да се претходно покриени согласно Законот за трговските друштва и се пропишува рок во кој Управата за јавни приходи е должна да издаде согласност по однос на барање за признавање како расход на амортизацијата на преостаната сегашна вредност на средствата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на трошоците на живот, најголем кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата…

Редакција

Банките бараат продолжување на рокот за исплата на финансиската помош на граѓаните од 6.000 денари

Редакција

Општина Кочани почна да го исклучува јавното осветлување за да штеди струја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница