еМагазин
Image default
Локално

Кумановка ја следел сведок на сообраќајка во која загинала ќерка и

Сведок од претходна сообраќајна несреќа ја следел, а друго лице се заканувало на мајка од Куманово, чија ќерка загинала во таа несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

Како што информираат од полицијата вчера во 22: 45 часот во полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово пријавила дека околу 18:00 часот, додека се движела со своето возило „БМВ“ по булеварот „Октомвриска Револуција“, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф“, кое го управува К.П. (сведок во сообраќајна незгода во која загинала ќерка на Г.Ф.).

-Според пријавеното, Г.Ф. продолжила со движењето, ја намалила брзината за да ја помине возилото „голф“, но, тоа не се случило.

Исто така, според пријавеното, кога продолжиле со движењето на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ пред нејзиното возило излегло друго возило кое и го блокирало патот.

Како што пријавила Г.Ф., од возилото излегло едно лице кое ѝ упатило закани, а во тој момент од возилото излегол К.П., му фрлил некаков предмет на лицето од возилото што ѝ го блокирало патот и му дал знак да си замине, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 378 лица за неносење заштитна маска

Редакција

(Видео) Како изгледа Охрид во новогодишно руво

Редакција

34-годишен скопјанец загина во сообраќајка во Влае

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница