еМагазин
Image default
Свет

Најмалку седум жртви во силен земјотрес на турско-иранската граница

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во регион на турско-иранската граница.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека најмалку седум лица загинале, а пет други се повредени во земјотресот. Меѓу загинатите  три се деца. Во турските села погодени од земјотресот има урнати куќи. Техеран соопшти за 25 повредени од кои 10 се хоспитализирани.

Земјотресот се случи во 05.52 часот по локално време на 101 километар источно од градот Ван, во Турција и 32 километри северозападно од иранскиот град Салмас. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Според изјави на лица од локалното население, земјотресот траел околу 15-25 секунди. Најмалку седум последователни земјотреси помеѓу 2,3 и 3,7 по Рихтер беа регистрирани во областа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тим на СЗО во четврток ќе пристигне во Кина за да го истражи потеклото на Ковид-19

Редакција

Путин наскоро може да биде обвинет за воени злосторства во Хаг, вели поранешен специјален пратеник на САД за воени злосторства

Редакција

Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ја прекине воената операција во Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница