еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Над милион заразени од корона вирусот во светот, починати 51.356 лица

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат вчерашните податоци на веб-страницата „Worldometers“.

Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија. Само вчера, во САД се пријавени 20.744 случаи, што го зголеми бројот на заразени на 235.747. Во САД вчера се пријавени 518 жртви, а вкупно починале од вирусот 5.620.

Во Италија се заразени 115.224 лица, 13.915 починале, во Шпанија 110.238 се разболеле и 10.096 ги загубиле животите.

Германија следува со 84.264 пациенти и 1.074 смртни случаи, додека Кина е на петтото место со 81.589 заразени и 3.318 жртви.

Меѓу првите десет земји по број на заразени се Франција со 59.105 заразени и 4.503 починати, Иран со 50.468 и 3.160 починати, Велика Британија со 33.718 пациенти и 2.921 починати, Швајцарија со 18.827 заразени и 536 починати и Турција со 18.757 заболени и 356 починати.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот во Македонија порасна на 41

110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми

Ќе ги однесе ли коронавирусот Куманово и Скопје во карантин како во Дебар?

Раст на бројот на заболени со коронавирусот по скопските општини, како изгледа мапата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отец Пимен не му остана должен на Каракачанов: Брзал да ни го честита националниот ден на измислувањето

Редакција

Избори во Франција: Макрон остана без апсолутно мнозинство во Парламентот, владеењето станува невозможно

Редакција

МВР склучи договор со Еуровиа од Желино вреден над 2 милиони евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница